Вучиќ: Собирот на 26 мај не е митинг на СНС, нуту контармитинг, туку за сите добри луѓе и за надеж

0
41

Претседателот на Србија и на Српската напредна странка, Александар Вучиќ, денеска изјави дека митингот закажан за 26 мај не смее да биде митинг на омраза, туку митинг на надеж.

„Ова не смее да биде собир на омраза. Тој собир мора да биде спротивен од тоа што го прават некои други“, изјави Вучиќ по седницата на Претседателството на СНС.

Тој посочи дека на 26 мај нема да има состанок на СНС или СПС, туку дека на него се поканети сите добри луѓе.