Кај џамијата во Батинци, малолетник прободел со нож друг малолетник

0
49

Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево денеска привеле малолетник од село Батинци, постапувајќи по пријава според која на 12.05.2023 во вечерните часови во село Батинци, скопско, во близина на џамијата, нападнал друг малолетник од истото село и му нанел повреда со остар предмет.

„Повредениот е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Со пријавениот малолетник во присуство на родител е извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“,соопштија од МВР.