Прегазен велосипедист во Тетовско

0
43

Вчера во 16 часот во СВР Тетово е пријавено дека претходниот ден околу 14 часот во тетовско Камењане, патничко возило удрило во велосипед што го управувал 61-годишниот Б.И. од ова село.

Во несреќата, Б.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.