ПОЕВТИНИ ГОРИВА ОД ПОЛНОЌ Цените се намалуваат за 2 денара по литар

0
24

Малопродажните цени на горивата се намалуваат за 2 денара за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на „еуросуперот БС“ од 95 октани ќе биде 78 денари за литар, на „еуросупер БС“ од 98 октани 80 денари, диселот, пак, ќе се продава по цена од 67 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 66 денари за литар.