На крајот од умот:Во Србија е приведена мајка која му дала антипсихотик на 6-месечно бебе

0
70

Судот во Смедерево му одреди притвор до 30 А.Н. (21) поради сомнеж дека на своето шестмесечно бебе му дала антипсихотик, лекот „онзапин“.

Одреден ѝ е притвор бидејќи постојат околности кои укажуваат дека ќе ја нарушува постапката влијаејќи врз сведоците, како и дека во краток временски период ќе го повтори кривичното дело, објавено е на веб-страницата на Основното јавно обвинителство во Смедерево, Р Србија.

Се сомнева дека таа, ноќта меѓу 26 и 27 април, во Ковин, на своето шестмесечно бебе му дала антиспихотик, лекот „онзапин“, откако девојчето е хоспитализирано на Институтот за здравствена заштита на мајката и детето на Србија, „Д-р Вукан Чупиќ“.

До ваквото сознание обвинителството дошло врз основа на известување од здравствената установа, по што осомничената е упасени при отпуст од установата каде што, заедно со бебето, била од 27 април до 12 мај.

Веднаш, по налог на обвинител, ѝ е одредено задржување, а поради фактот дека по извшената проценка за ризик е утврдено постоење на непосредна опаснсот од насилство во семејството, истовремено ѝ се изречени мерки за привремено оддалечување од станот и привремена забрана да контактира со жртвата на насилството и да ѝ приоѓа.