Орбан: Во војната во Украина не може да има победници

0
51

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека една од позициите на Будимпешта, од почетокот на војната во Украина, е дека не може да има победници.

Орбан за унгарското државно радио изјави дека западните идеи за победа или пораз се всушност „лажна воена дихотомија“, објави МТИ.

„Невозможно е да се замисли дека некој би можел да победи земја со таква нуклеарна моќ каква што има Русија, која сигурно нема да седи мирна и да чека да биде победена. Таа нема да прифати воен пораз“, додаде Орбан.

Тој исто така рече дека интересот на Унгарија е „успешна Украина“ и дека етничките Унгарци кои живеат во соседна Украина прават Унгарија да биде уште помотивирана за мир.