Повеќемина искасани од кучиња скитници

0
38

На 28.05.2023 во СВР Битола, Т. С.(76) од Битола пријавила дека на ул.„Партизанска“ во Битола, била касната од куче скитник. Р.Ч.(41) од с.Крклино, битолско, пријавил дека на ул.„Широк сокак“ бил каснат од куче скитник, а Г.Д.(32) од Битола пријавил дека во с. Ѓавато, битолско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 27.05.2023 во 18.20 часот З.К.(37) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека околу 15.00 часот во селото, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од С.Д.(29). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 28.05.2023 во 13.00 часот, Ч.Н.(71) од Кичево во полициска станица пријави дека на улицата „4 јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник, а М.Д.(39) од кичевското село Опила, пријави дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 28.05.2023 во 18.14 часот О.З.(25) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром од заталкано зрно било оштетено ветробранското стакло од неговото патничко возило „шкода“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.05.2023 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар било опожарено возило „дачија сандеро“, сопственост на В.С.(51) од Скопје. Повредени лица нема. Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот.