Хаос на Косово: Ранети двајца Срби, полицијата употребува шок бомби

0
53

Експлозии одекнуваат во Косово каде двајца Срби се ранети, а ситуацијата повторно е тензична.

Косовската полиција со солзавец се обиде да ги растера Србите кои протестираат за да ги спречат градоначалниците Албанци, избрани на неодамнешните спорни избори, да преземат должност во градовите со мнозинско српско население во северно Косово.

Пред општинската зграда на Звечан, како и Зубин Поток и Лепосавиќ, има полициски сили на Косово. Во американската амбасада во Приштина во меѓувреме се одржа средба со новите градоначалници од редовите на ДПК.