(Видео) Изгоре автобус кај Крушевац, патниците успеале навреме да излезат од возилото

0
44

Автобусот на компанијата „Југопревоз“, кој сообраќа во приградски сообраќај, денеска, околу 15 часот, целосно изгорел во близина на селото Мајдево кај Крушевац, јавува Инстаграм страната 192_rs.

Сите патници и возачот успеале безбедно да излезат од автобусот пред тој да се претвори во оган.

Пожарникарите излегле на терен и успеале да го изгаснат пожарот, но автобусот бил целосно уништен.

Причината за пожарот не е позната.