ФОТО: Купишта смет пред детска градинка во Тетово

0
25

Тетово повторно се дави во мини диви депонии. На фотографиите се гледа како купишта смет се наталожени пред детската градинка „Младост“ во Тетово. Има разновиден отпад од комунален смет се до стар мебел. Граѓаните кои ги затекнавме пред градинката револтирани.

„На оваа локација имаше претходно контејнери каде не се собираше сметот редовно. ЈКП Тетово неодамна ги острани контејнерите, но навиката на граѓаните тука да го фрлаат сметот остана и покрај тоа што нема контејнери тие сметот го фрлаат на земја. Катастрофа е тука, деца се носат, дишат разни отрови, Тетово никако да се спаси од сметот„, вели еден жител на Тетово.

Детската градинка „Младост“ Тетово е лоцирана во близина на некогашната фабрика „Тетекс“. Но и во центарот на градот на само десетина метри од градскиот плоштад веќе е создадена дива депонија покрај контејнер.

„Ова е веќе срамота, во центар на град да имаш депонија, кога поминуваме покрај овој контејнер го покриваме носот оти ретко редовно се подига сметот, изјави еден жител на Тетово.

Од ЈКП Тетово, но и од општинските власти се уште без одговор зошто не се собира редовно сметот и кои се чекорите кои во летниот период ќе се преземат за почист град, со оглед на фактот дека во време кога печалбарите се дојдени во својот роден крај, во градот на дневна основа се создаваат двојно поголеми количини на отпад.

Извор Слободен Печат.