Камиони од Србија го блокираат преминот со Косово

0
37

Долгите колони камиони и автобуси на три гранични премини меѓу Србија и Косово се резултат на новите тензии. Возачи на камиони со српски регистарски таблички го блокираа пристапот до граничните премини Јариње, Брњак и Мердаре.

Единствените возила кои минуваат непречено се автомобилите. Блокадата на пристапот доаѓа како одговор на одлуката на Владата на Косово да го забрани увозот на стоки од Србија. На ваков чекор се одлучила поради апсењето на тројца косовски полицајци приведени во Србија.

Тензиите на северот на Косово се зголемуваат од крајот на мај, бидејќи локалното српско население се противи на доаѓањето на градоначалниците Албанци. Тие ги бојкотираа априлските локални избори и сега не ги прифаќаат резултатите.

Ситуацијата ескалираше на 29 мај, кога српските демонстранти се судрија со членовите на мисијата на НАТО на Косово, КФОР, во Звечан. Во судирите се повредени десетици луѓе од двете страни.

Извор Р.С.Е