Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за струјата

0
22

Преседателот на Регулаторната комисија за енергетика на денешната прес конференција соопшти дека дневната евтина тарифа на електричната енегија се враќа од први декември оваа година.

„Ветив дека кога ќе се укаже можност за враќање на евтината тарифа тоа ќе го направиме. Денес сакам да ја информирам јавноста дека од први декември се враќа евтината тарифа во периодот од 13 до 15 часот и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата“, рече Бислимовски.

Тој објасни дека оваа одлука не е политички мотивирана, туку поради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи вклучително и нашата.

„Цената дење на електричната енергија осум месеци наназад е пониска од цената на електрична енерфгија по 24 часот. Препорачавме ЕСМ и ЕВН Хоум во текот на денот да ги инетнзивираат купувањата на електрична енергија и да се вклучат договори на нашата берза и да склучуваат договори со фотоволтаинчните електрани по цени далеку пониски од пазарните. Со тоа ќе штедиме и вода и јаглен и ќе биде во полза на сите потрошувачи“, рече Бислимовски.