ФОТО | Стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликана пица

0
90

Парче тесто прикажано на фреска стара 2.000 години „можеби е далечен предок на модерното јадење“, соопшти италијанското Министерство за култура. Фреската е пронајдена во ходникот на куќа до пекара за време на неодамнешните ископувања на локација во Јужна Италија.

Откритието е направено годинава за време на новите ископувања во Регионот IX во центарот на Помпеја, една од деветте области на кои е поделен античкиот локалитет. Зградата била делумно ископана во XIX век пред повторно да започнат ископувањата во јануари годинава, речиси 2.000 години по вулканската ерупција што го проголтала градот.