Во Албанија уапсен уште еден поранешен градоначалник за злоупотреба на службената положба

0
36

По налог на албанското Специјално обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, уапсен е Фан Труци, поранешен градоначалник на Фуш Арез, под обвинение за злоупотреба на службената положба.

По извршени истражни дејствија во рамките на оваа кривична постапка, констатирано е дека на територијата под управна надлежност на општина Фуш Арез, со прекршување на целокупната важечка законска рамка, изграден е нов патен сегмент од околу 1,8 километри и ширина од пет метри, со што е оштетена голема површина од шумскиот фонд во сопственост на оваа општина, а сериозно е оштетен и теренот што му припаѓа на овој шумски фонд, наведува СПАК.

Тој заедно со уште две лица, во соработка, предизвикале штета на државата во износ од над 234 милијарди лека (над 2,2 милиони евра).

Пред еден месец по налог на СПАК, уапсен беше поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, под обвинение за злоупотреба на службената положба. Со него беа уапсени десет поранешни и актуелни раководители на значајни сектори во општина Драч, како и сопственик на градежна компанија.

Пред неколку години Ванѓуш Дако беше прогласен за нон грата од САД, поради „неговата вмешаност во големи корупциски случаи“.