Голем пожар во Далмација, семејствата се евакуирани

0
45

Силниот ветер го отежнува гаснењето на големиот пожар што денеска околу 11.10 часот избувна во Горњи Бановци кај Гребаштица во Шибеничко – Книнска жупанија.

Хрватскиот портал Индекс јавува дека на терен се 56 пожарникари со 20 возила, а шест авиони го гаснат пожарот.

Се наведува дека поради пожарот бил затворен дел од Јадранската магистрала за да им се овозможи на пожарникарите непречено да работат, а се очекува да полетаат уште противпожарни авиони.

Две семејства се евакуирани, а порталот Шибеник ИН објави дека изгорел и семејниот автомобил на гости од Германија, но дека луѓео се безбедни.

Читателка на тој портал од Гребаштицат вели дека состојбата на терен се влошува.

– Луѓето бегаат од апартманите, но не знаат каде да бегаат. Вистинска паника, се смрди и ништо не се гледа од чадот – рекла таа.