Ирак ќе ги прекине дипломатските односи со Шведска ако повторно се запали Куранот

0
18

Ирак се закани дека ќе ги „прекине дипломатските односи со Шведска“ доколку дојде до уште едно палење на Куранот, соопшти денеска канцеларијата на ирачкиот премиер Мохамед Чиа ал-Судани, откако демонстрантите ја запалија Шведската амбасада во Багдад.

„Ирачката Влада вчера ја информираше шведската Влада преку дипломатски канали дека ќе се насочи кон прекин на дипломатските односи со Шведска во случај на уште едно палење на Куранот“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот по средбата со официјалните претставници за безбедност.