Момчето убиец од Белград пред суд: сведочи во процес против неговиот татко

0
44

Момчето кое го изврши масовното убиство во белградското основно училилште денеска сведочи во судскиот процес против неговиот татко.

Распитот на Коста Кецмановиќ започна како сведок во постапката против неговиот татко кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.

Коста е на распит во просториите на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци каде се наоѓа откако го изврши убиството.

Неговиот татко се сомнева дека оружјето со кое неговиот син на 3 мај уби деветмина негови врсници и училишниот чувар е нерегистрирано.

Исто така, постои сомневање дека го обучувал својот син да ракува со оружје и дека го однел на стрелиште, пишува српски „Блиц“.