Путин: Ќе возвратиме со касетни бомби, доколку тоа оружје се искористи против нас

0
18

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата има „повеќе од доволно залихи“ на касетни бомби и дека Москва го задржува правото да ги користи доколку такво оружје се употреби против руската армија во Украина, пренесе Ројтерс.

„Се разбира, ако користат касетна муниција против нас, ние имаме право да возвратиме со иста мерка“, рече Путин на државната телевизија.

Украина доби касетни бомби од САД, кои се забранети во повеќе од 100 земји. Киев вети дека ќе ги користи само со намера да ги отстрани непријателските војници.