Врховен пресече: Владимир Талески нема право на помилувањето од Иванов, а ги потроши и сите можности да бара слобода во македонските судови

0
48

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Транспортер” каде осуден е ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески. Поднесената жалба на него и другите осудени се оценуваат како неосновани, односно недозволени.

Врховниот суд пресече и дека тие не можат да се повикуваат на даденото помилување од експретседателот Ѓорге Иванов. Со оглед дека обвинетите ги потрошија сите правни лекови и се обратија до сите судови во Македонија, сега можат да се жалат во Европскиот суд во Стразбур.

„Со пресудата барањата на осудените В.Т. и С.Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, се одбиваат како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ.Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, се отфрла како недозволено“, известува Врховниот суд.