На Лефкада во Грција, запалени автомобилите на еден Македонец и двајца Срби

0
42

Марко Тодорчевиќ (38) од Белград бил на одмор со својата свршеница во близина на Лефкада во Грција, кога избувнал пожар и до непрепознатливост го уништил нивниот „голф 6“.

Како што изјави белграѓанецот, пожарот го уништил неговиот десет години стар „голф“, но и една година стариот „фиат кумбро“ на новосаѓанец и трет автомобил кој бил на македонски државјани.

Тие три возила биле паркирани едно до друго.

„Дојдовме на одмор на 31 јули и сѐ беше навистина супер, одлично си поминавме, до 9 август кога се разбуди сопственикот на вилата во која престојувавме. Кога излеговме го видовме пожарот и изгледаше драматично“ – вели Марко Тодорчевиќ за српски Курир и додава:

„Пожарникарите некако успеаја да го изгаснат пожарот, но нашите автомобили беа целосно изгорени, а тоа беше на приватниот паркинг на вилата. Колите беа паркирани под сенка“.

Како што понатаму наведува Тодорчевиќ, по истрагата тој и останатите сопственици на опожарените автомобили отишле да дадат изјава во полициска станица.

„Тоа што се случи е страшно и сите се сомневаме дека пожарот е подметнат. За жал немаме кому да се обратиме, нивната полиција ни кажа дека нема такво нешто и дека се случуваат вакви ужаси. Наведоа и дека пожарот настанал од непрописен приклучок, што е едноставно невозможно по 15 часа стоење под сенка“ – рече тој.

Белграѓанецот соговорник додава дека е среќа што ништо не им се случило и што не се повредени.