Полицијата бара кој го вееше знамето на голема Албанија во Тетово

0
38

Полицијата од Тетово информира дека преземаат мерки за идентификување на сторителите кои вчеравечер го вееја знамето на т.н. голема Албанија во Тетово при посетата на косовскиот премиер Аљбин Курти.

Вчера во Тетово во организација на општината и градоначалникот Билал Касами беше организирана голема манифестација за пречек на косовскиот премиер. На официјалниот профил на градоначалникот Касами објавена е фотографија на која се гледа дека некој од присутните вее знаме со картата на голема Албанија. На собирот се вееја и голем број на албански знамиња, но ниту едно македонско.