Претседателот бара да се провери начинот на преименување на улицата во Чаир

0
20

Претседателот Стево Пендаровски освен реакцијата за истакнување на симболи со националистички содржани на вчерашните собири во Tетово и Чаир по посетата на косовскиот премиер Албин Курти, реагира и за промена на името на улицата Втора македонск бригада. Промената на името на улицата Втора македонска ударна бригада во Адем Демачи предизвика остри реакции во јавноста, а новото име на улицата беше вчера промовирано.

Тој во реакцијата вели дека начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата.

„Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.