Петковиќ: Курти дојде во Македонија за да ги поттикне најекстремните политички структури на Албанците во таа земј

0
78

„Препораката на Курти Скопје да се доближи до самопрогласеното Косово, Албанија и Бугарија и подалеку од Србија е дрскост и повеќекратна глупост. Ваквите изјави Курти ги дава во време кога отворено се занимава со дестабилизација на Северна Македонија“.

Ова денеска го изјави директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ кој потсети дека „Курти дојде во Македонија за да ги поттикне најекстремните политички структури на Албанците во таа земја и да го промовира фашистичкиот проект на таканаречената голема Албанија“.

„Прогласувајќи се себе си за политички и идеолошки ментор на оние кои ќе ја дестабилизираат и поделат Северна Македонија, Курти ја прошири својата воинствена мисија од Косово и Метохија на околните територии, кои ги смета за составен дел од неговиот луд големоалбански државотворен проект.

И разбирливо е дека од Тетово, кое во блиското минато беше во фокусот на албанскиот тероризам и сепаратизам во Северна Македонија, Курти го напаѓа Белград, бидејќи Србија е најконзистентен и најискрен пријател на Северна Македонија во регионот.

Из Линератс.