ВИДЕО: Концесионерот на депонијата кај Волковија која два дена гори со закани кон медиумите кои известуваа од настанот, стигна реакција од ЗНМ

0
49

Вчера напладне новинарската екипа на телевизијата ТВ Коха била спречена да ја врши својата професионална работа во врска со пожарот кој веќе втор ден гори во општина Брвеница ,се јави со реакција Здружението на новинари на Македонија.

„Екипата пристигнала на местото каде што требале да снимат видео инсерти и после неколку минути снимање, се појавило лице во цивилна облека кое агресивно се однесувало и со викање, навреди и закани им забранувал да снимаат. Се обидел и да ги избрка од локацијата.До ЗНМ и денеска пристигна реакција од повеќе колеги новинари и медиумски работници кои во текот на овој ден биле спречени при вршење на професионална работа на јавен простор. Во текот на денешниот ден телевизиски екипи од повеќе медиуми и дописници од полошкиот регион се обиделе повторно да снимат инсерти од местото на настанот, но повторно истото лице со агресивен и остар тон им се обраќал на новинарите, па дури и физички се заканил кон нив и покрај присуството на полицијата“, стои во соопштението на ЗНМ.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осудува овој инцидент и додаваат дека ќе го следат случајот.

„Бараме реакција и од Општина Брвеница, која посочената депонија ја дала под концесија на приватен сопственик. Бараме и од МВР да се преземат конкретни мерки против лицето, со цел во иднина да не се случува попречување на правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните.Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од критична важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество.Насилството и спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо, не е во сообразност со демократските вредности и придонесува кон цензура“, стои во писмената реакција на ЗНМ.

С.П