Приведен штипјанец кој ограбувал цркви во тетовско

0
46

Тетовската полиција денеска го приведе 53 годишниот Т.Б од Штип кој се сомничи дека извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце.

„Полициски службеници од СВР Тетово, денеска (31 август) околу 10 часот и 30 минути во тетовско Долно Седларце го лишиле од слобода 53-годишниот Т.Б. од Штип. Тој се сомничи дека во периодот од 20 јуни годинава досега извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце. Со употреба на сила влегувал во објектите и најчесто одземал пари. Кај него биле пронајдени и одземени разновиден алат што го користел при извршување на кривичните дела“, информираат од МВР.

Т.Б. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна кривична пријава.