Ѓоковиќ: Да не бев од Србија, ќе ме воздигнеа до небо

0
113

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои четвртиот УС Опен и со тоа стигна до 24. Грен слем во кариерата, со што уште еднаш истакна дека е најдобриот тенисер на сите времиња.

Тој одамна ги собори рекордите на Роџер Федерер, потоа големиот ривал Рафаел Надал, па дури и кога „измислија нова категорија“, како што се титулите на Маргарет Корт, која освоила половина од нејзините 24 Грен слемови пред опен ерата, Ноле е тука да покаже дека го може и тоа…

Новак Ѓоковиќ беше запрашан дали е најголемиот спортист на сите времиња и имаше многу оригинален одговор.

„Оставам на вас и на другите да процените дали заслужувам да бидам дел од таа дискусија. Факт е дека да не бев од Србија, пред многу години ќе бев издигнат до небото. Посебно во западниот свет. Тоа е дел од моето животно патување, благодарен сум што сум од Србија, тоа ми дава сила и верба. Вие пишете го она што мислите. ..“, рече Новак Ѓоковиќ.