Курти: Лајчак беше позициониран против Косово

0
46

Премиерот на Косово Албин Курти директно го обвини посредникот на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак, дека се позиционира на страната на Србија. Курти рече дека на последниот состанок во Брисел се чинеше дека има координација меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Лајчак за, како што рече, создавање на „алтернативно сценарио, каде што се спроведува половина од договорот“.

„Бев изложен на сценарио што се чинеше дека Лајчак го дизајнирал одамна. Откако им предложив на претседателот на Србија и на двајцата европски претставници план изработен од страна на Република Косово, кој всушност е првиот документ што го предлагам на состанок на високо ниво, иако главниот преговарач, вицепремиерот Бесник Бислими, во изминатите четири месеци предложи два други планови кои беа отфрлени од страна на г-дин Лајчак, претседателот на Србија и Мирослав Лајчак реагираа со исто мислење и со исто координирано непочитување, и двајцата рекоа дека овој план е нереален и следствено на тоа единствениот пат напред е неразумното спроведување на преговарачката точка на статутот на Заедницата на општини“, рече Курти.

Alsat.