Приведени разбојници кои оперирале во поранешна млекарница во кавадаречко

0
82

„На 14.09.2023 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Д.Б.(22) од Виница и Р.Д.(28) од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 13.09.2023 до 06.00 часот на 14.09.2023 со употреба на сила и погоден алат влегле во објект на поранешна млекарница во с.Сопот и одзеле повеќе предмети“, информираат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.