(Видео) Турист скрши историска статуа во Брисел

0
35

Ирски турист скршил историска статуа во Белгија само еден ден откако била претставена во јавноста по реставрацијата која чинела 15.000 фунти. Неименуваниот маж бил уапсен поради тоа што на 10-ти септември скршил дел од раката со факел на споменикот пред новоотворената берза во Брисел, јавува белгиски „VRT NWS“.

Целосната зграда исто така била отворена ден порано, по големата обнова која чинела 77 милиони фунти. На социјалните мрежи се проширило видео од инцидентот. На снимката се гледа турист, кој се однесува како да е пијан, како се качува на статуата. Потоа се исправува обидувајќи се да скокне, но притоа го крши факелот и голем дел од раката на статуата, пишува „Independent“.