Анкета на ЦРПЦ: 28% од граѓаните не веруваат дека има услови за предизборни меѓуетнички коалиции

0
70

Дали мислите дека се создадени услови за заеднички предизборен настап( меѓуетнички колации) на македонските и албанските политички партии во РСМ е дел од серијата прашања на анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги.

28% од анкетираните рекле дека не веруваат дека има услови за такви коалиции, а само 8% рекле дека има услови за меѓуетнички предизборни коалиции.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

Целата анкета може да ја погледнете на следниов линк.