Измените на КЗ ја запреа и кривичната постапка за случајот „Траекторија“ – Груевски, Јанакиески и Пешевски нема да одговараат за кинеските автопати

0
101

На денешното судско рочиште за случајот, обвинителката Лиле Стефанова, која го води предметот, побара повлекување на обвинението против поранешниот премиер Груевски поради настапување апсолутна застареност, а запирање на постапката за другите тројца обвинети поради измените на Кривичниот законик.

Измените во Кривичниот законик ја запреа кривичната постапка за случајот „Траекторија“, кој беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а се однесува на постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Како обвинети во случајот беа ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие се гонеа по член 353 од Кривичниот законик за делото злоупотреба на службената положба и овластување, за кое со најновите измени на КЗ се намалени казните и е воведена горна граница, што повлекува застарување на делата.

Меѓу обвинетите во „Траекторија“ беше и експремиерот Никола Груевски кој се гони за кривично дело примање награда за противзаконито влијание.
Текстот продолжува тука.