Рударска несреќа со две жртви кај Заечар

0
58

Трагедија во која загинале две лица денеска околу 11 часот се случила во рудникот Лубница кај Заечар. Смрта на двајца рудари е потврдена од надлежните, а по трето лице се трага.

До несреќата според неофицијални информации кои ги пренесуваат српските медиуми дошло кога при чистењето на окното се одронила земја и паднала врз рударите кои ја извршувале оваа работна задача. Земјата ги турнала и тие паднале од височина од пет-шест метри.

Екипата за брзо спасување во рудникот успеала да ги извлече телата пред да пристигне брзата медицинска помош, пристапиле веднаш кон реанимација, но обидите биле безуспешни.