Српската полиција приведува лица кои се обиделе насилно да упаднат во зградата на Градското собрание

0
125

Припадници на Министерството за внатрешни работи во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград почнале да апсат лица кои вечерва се обиделе насилно да упаднат во зградата на градското собрание на Белград, дознава Танјуг.

Поддржувачите на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) вечерва го продолжија протестот пред Собранието на Белград, каде на чело со Александар Јовановиќ Ќута уште еднаш се обидоа насилно да влезат во зградата.

Полицијата стационирана во зградата на Градското собрание реагираше и ги испрска Јовановиќ и демонстрантите со бибер спреј.

A1on.