Фото: За време на настапот на „Цунами“ потона сплавот Картел на Сава во Белград

0
181

На потонатиот сплавот „Картел“ нема повредени или загинати, евакуирани се 114 лица .

На сплавот „Картел“, кој нешто по полноќ почна да тоне, нема жртви и повредени, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби Лука Чаушиќ.

Тој за Танјуг изјави дека 114 лица биле евакуирани од страна на припадниците на Одделот за вонредни состојби. Чаушиќ не можеше да го каже точниот број на луѓе кои биле на сплавот во моментот на несреќата, наведувајќи дека точните проценки ќе се знаат во наредниот период.

Тој изјави дека вечерва околу 1 и пол до командно-оперативниот центар на Управата за вонредни состојби за град Белград е пријавено дека сплавот „Картел“ без број почнал да тоне на улицата Савски кеј на реката Сава, и дека имало неколку стотици луѓе.води.

„Од страна на нашите припадници се евакуирани 114 лица. Ангажирани се 30 пожарникари-спасувачи со 11 возила и пет специјалистички тимови за спасување и работа на вода и голем број припадници на жандармеријата, полицијата и брзата помош. Најважно е што на овој настан нема повредени или загинати лица“, изјавил началникот Чаушиќ за српскит медиуми.

Српското МВР рано утрово соопшти дека речната полиција од сплавот „Картел“ до сплавот до него евакуирала околу 30 лица.

Сплавот „Картел“ почна да тоне нешто по полноќ, во моментот кога на него на концертот „Цунами“ имало голем број млади луѓе.