Албанија гради ново пристаниште, база на НАТО

0
132

Новото пристаниште ќе се гради во областа Порто Романо во северозападниот дел на Драч. Постоечкото пристаниште во јужниот дел на градот ќе се трансформира во нов туристичко-станбен проект со марина вредна 2 милијарди евра, а главен инвеститор е компанијата „Емаар“ со седиште во Обединетите Арапски Емирати.

Капетанијата на пристаништата на Драч во северна Албанија објави дека ќе отвори тендер за изградба на нов товарен терминал во своето најголемо пристаниште во првиот квартал од 2024 година.

Деталниот проект е подготвен од конзорциум составен од холандската инженерска фирма „Royal Haskoning DHV“ и албанската консултантска фирма „Abkons“, соопшти претходно Владата на Албанија, пренесува порталот Investor.

Во првите три месеци од 2024 година ќе биде отворен меѓународен натпревар за изградба на новото пристаниште Порто Романо. По завршувањето на главниот проект и добивањето на развојна дозвола за 1 фаза од изградбата, ќе се одржи панел-консултација со претставници на НАТО во врска со изградбата на поморската база, која е составен дел на овој стратешки проект.