Најмалку еден загинат и 19 повредени во терористички напад во близина на Тел Авив (ВИДЕО)

0
140

Полицијата уапси маж (40) од Хеброн кој е осомничен дека избодел жена, украл возило и отишол во крвав поход. Тој е осомничен дека газел луѓе на повеќе локации во градот, а според полицијата напаѓачот додека дивеел, сменил дури три возила.

Медиумите јавуваат дека жена (70) им подлегнала на повредите и била констатирана смрт при пристигнувањето во болница. Најмалку уште три лица се тешко повредени во нападите, а меѓу повредените има и деца.

Цел град е блокиран од полицијата.

ВИДЕО.
Полицијата соопшти дека го уапсила и роднината на осомничениот, објави Скај Њуз.