БИА разоткри албанската шпионска мрежа во Србија

0
196

Припадници на српската Безбедносно информативна агенција (БИА) откриле шпионска мрежа на територијата на Србија, а уапсен е српскиот државјанин Д.Р. под сомнение дека станал соработник на Државната информативна служба на Албанија (ШИШ) во 2022 година, по чии наредби и задачи дејствувал.

Уапсениот кој се терети за кривично дело шпионажа, е информатичар.

Вишото јавно обвинителство Јагодина предложи да биде приведен.

Во продолжение на истрагата и прибирање материјални докази против Д.Р. припадниците на БИА пронашле камера и соларен панел што ја напојувал камерата, како и СД-картичката.

Камерата и соларниот панел се пронајдени во близина на селото Карадак, кај Рашка.

Со камерата, осомничениот Д.Р. ги снимал движењата на српските безбедносни сили, пред се единиците на војската на Србија.

Д.Р. со мрежа на негови соработници, од 2022 година, за Државната информативна служба на Албанија, собирал податоци за поединечни припадници на безбедносните служби на Србија, а бил ангажиран и за време на кризни ситуации во северот на Косово за време на протести.

Тој во неколку наврати ги снимал и движењата на српските безбедносни сили на подрачјето на општина Рашка.

Из А1он.мк