(ВИДЕО) Загина 18-годишник во експлозија во фабрика во Крушевац

0
126

Најмалку едно лице загина, а четири се повредени во експлозија што денеска се случи во фабриката „Трејл“ во Крушевац.

Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека се случила трагедија и прецизира дека експлозијата се случила во објект за производство на горивна лента.

ВИДЕО.

Според првичните информации, едно лице загинало, а четири се повредени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Општата болница во Крушевац“, се вели во соопштението на српското МВР.

Како што пренесе Н1, по експлозијата избувнал пожар кој е локализиран, а на местото на настанот го обезбедуваат припадници на полициската управа во Крушевац и на Итната помош.

јт/Во тек е интервенција. .

Извор: МИА