Курти: За забрана за користење на динарот на Косово не може да се преговара

0
130

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во врска со најавата за забрана за користење на динарот во Косово изјави дека одлуките на Централната банка на Косово (ЦБК) се независни, дека ЦБК само си ја врши работата и дека за нејзините одлуки не може да се преговара.

Курти, откако му оддаде почит на еден од командантите на поранешната Ослободителна војска на Косово, Захир Пајазити, на новинарите им потврди дека одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за валутата за готовинско плаќање не може да се преговара.

Тој не зборуваше за барањата на меѓународната заедница да се одложи извршувањето на правилникот на ЦБК, според кој од 1 февруари еврото треба да биде единственото платежно средство на Косово во готовинско плаќање.

„Во четири општини на север има четири филијали на банки и 15 небанкарски финансиски институции до кои може да се испраќаат дознаки и плаќања и каде сите се примаат во евра.

Еврото е валутата што ни доаѓа од ЕУ, никому не му кажуваме да набави албански лекови или новата дарданска валута од Косово, туку еврото, еврото како единствено средство за плаќање и купување, јасно дефинирано на Косово и тоа не е прашање за кое може да се преговара“, нагласи Курти.

Тој рече дека прописите што ги донесе ЦБК се во согласност со Уставот и законот. паг/Фото: МИА архива .

Извор: МИА