МАКЕДОНКА УБИЕНА ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ЕСЕН Сопругот ја избодел до смрт пред очите на 8-годишниот син

0
266

Страшна трагедија пред една недела се случила во германскиот град Есен, при што Македонка била убиена од нејзиниот сопруг, пишува „Билд“. Погребот за жената која потекнува од Кавадарци ќе биде извршен утре во 9.30 на градските гробишта во Есен.

Инаку ужасно крвопролевање се случило точно пред една недела во стан во Есен. Жената (41) била избодена од сопругот, најверојатно пред очите на нејзиниот осумгодишен син. Нејзините повреди биле толку тешки што искрварила до смрт.

Како што пренесуваат германските медиуми постариот син (16) на жртвата ја известил полицијата за ужасниот настан. Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил целосно вознемирен и рекол дека мајка му била внатре, каде лежела повредена на подот.

Полицајците кои пристигнале ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката. За жал залудно