Тешка сообраќајна несреќа патот Тетово – Јажинце, повредени пет лица

0
213

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце.

„Вчера (21 февруари) во 19.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата на регионалниот пат Тетово -Јажинце со регионалниот пат за тетовски Лешок се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 30-годишната Б.Х. од тетовско Орашје и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Т.С. од тетовско Нераште.

Во несреќата, Б.Х. и нејзината сопатничка Н.Х.(58) се здобиле со тешки телесни повреди, додека вториот возач и двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница“ соопшти МВР.