Пукање во Чаир – има ранети

0
432

Попладнево поголема група на специјални полициски сили како и брза помош е забележана како се упатува во правец на Бит Пазар. МВР пред малку за Инфомакс и официјално го потврди случајот посочувајќи дека се работело за апсење по престрелка во угостителски објект.

-Денеска (22.02.2024) околу 15 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.„Н“, постапувајќи по пријава дека околу 14 часот во угостителски објект на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Скопје.

Извор: INFOMAX.MK