НОВ ИНЦИДЕНТ ВО АЛБАНСКОТО СОБРАНИЕ Рама спаси глава од бесот на демократите

0
126

Инцидентите во албанскиот парламент продолжија, а денешната седница траеше 20 минути. Медиумите јавуваат дека опозициските пратенци фрлале предмети на премиерот Еди Рама, додека истовремено пред зградата во тек биле протестите.
Според пишувањето на албанските медиумит, во неможност да контролираат кој е исклучен од седницата, а кој не, полицијата ги блокирала сите пратеници од опозицијата и ги спречила да влезат во Собранието.
Албааниан пост јавува дека опозициските пратеници фрлале предмети на премиерот Еди Рама.
Додека пратениците се обидувале да влезат на седницата, стотици граѓани се собрале пред зградата на парламентот, каде што дошло до судир со полицијата.

Медиумите известуваат дека полицијата подготвила цистерни со вода, кои се распоредени во случај да доде до поголеми судири и потреба да се одговори со таканаречени водени топови.

Протестите на опозицијата се поврзани и со порашениот албански премиер Сали Бериша, кој е во домашен притовр поради обвинувања за корупција. Дел од учесниците на вечерашниот протест во Тирана, се собрале и пред неговиот дом.