Шара девастирана, депонии и фекалии во недопрена природа, општините не го собираат сметот

0
216

Снегот се стопи и се покажат срамот на шарпланинскиот масив. Депонии пред влезот и излезот на секое шарпланинско село. Од Националниот парк Шар Планина велат дека најкатострофална е состојбата во општините Тетово, Врапчиште и Боговиње, чии територии се во рамки на Националнот парк. Комуналните претпријатија во голем дел од селата не го собираат односно третираат отпадот, па мештаните немаат каде и така најчесто отпадот завршува по долините, реките и ливадите. Сликата е ужасна, ако се земе предвид фактот

Ситуацијата е алармантна оти нема снег и сега гледаме од сите страни дека има диви депонии и дневен комунален отпад, а има и цврст отпад. Сето ова е резулат на тоа што општините не го собираат комуналниот смет на Шара. Ова не е денешен проблем, тој е одамна, ние сме во контакт со општините.Апелирам до нив да го собираат отпадот и да го пренесет во соодветните места. Не можеме да го обвиниме населението дека тие нема каде да го депонираат, мора да имаат општините соработка со нас за да го развиваме заеднички туризмот оти кога одат туристите на некои природни места мора да поминат низ отпадот и тоа е грда слика, рече Ибрахим Дехари од Националниот парк Шар Планина.

Од установата велат дека на Шара не е решен проблемот со фекалните води кои течат на сите страни. Мора и овој проблем да се реши ако сакаме Шара навистина да биде заштитена.

„Ние организираме акции за собирање на отпад, но тоа мора да се реши институционално, без заеднички пристап на сите институции нема решение, додаде Дехари.

Извор СП