Али Ахмети направи Европски фронт со Зејд, му фалат уште Тачи, Села и Хоџа

0
99

ДУИ и Движењето Народ потпишаа предизборна соработка за претседателските и парламентарните избори. Ахмети рече дека е во разговори со други партии за влез во таканаречениот Европски фронт, споменувајќи го крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците, ДПА на Мендух Тачи и Европската демократска партија на Арјанит Хоџа.

„Зошто овој фронт треба да се изгради во 2024 година? Зошто јас и Скендер Реџепи треба да одлучуваме за парцијалното, општото? Затоа што веќе подолго време го бараат ова обединување, ова обединување на Албанците во Република Македонија. Затоа што работите одат наопаку во светската политика. Ние немаме ништо против политичките партии, нека постојат, но тие немаат капацитет да се справат со сите овие случувања кај нас, околу нас и подалеку од нас, во Европа и на Блискиот Исток“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Скендер Реџепи ги повика и другите партии и граѓанскиот сектор да ѝ се приклучат на оваа коалиција.

„Ви се колнам и ви велам дека Движењето Народ во иднина ќе биде уште поголема новост во политичкото патување бидејќи промената знаат да ја направат оние кои ќе се постројат на вистинското место, во вистинско време, во вистински момент и со вистинска изборна програма“, рече Скендер Реџепи, Лидер на Движењето Народ.

Но, денеска ДУИ и Движењето Народ не ги открија ниту постулатите, ниту содржината на изборната програма со која ќе се натпреваруваат на 8 мај./Алсат.мк