(Видео) Рама грубо оттурна ТВ новинарка и замина од прес-конференција

0
98

Премиерот Еди Рама грубо оттурна албанската ТВ новинарка, Амброзија Мета која му поставуваше прашања во врска со финансирањето на новото пристаниште Драч. Како што се гледа на снимката на социјалните мрежи, Рама ја фати новинарката за лице и грубо ја оттурна од себе, по што ги стави рацете во џебови и се оддалечи.

 

Албанските медиуми објавија дека новинарката му рекла на Рама „не ме допирајте повеќе“. За Сири ТВ, таа го прашуваше премиерот во врска со договорот за новото пристаниште Драч и праксата на инвеститорите да им се отпишуваат трошоците за земјиште и данок.

„Ве молам, наведете колку заработуваат Албанците“, запраша новинарката на што Рама одговори „од се што правиме, Албанците победуваат во овој процес. Тие ќе победат во процесот. Промоцијата на вакви развои, реализацијата на овие развои, ги збогатува Албанците, Албанија и ја зајакнува нејзината економија. Незнаењето нема аргумент“.