(ВИДЕО) Четири лица се убиени, а најмалку пет ранети во напад со нож во Илиноис

0
118

Шефицата на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјавила дека не сите жртви биле избодени со нож, но и дека кај ниту една од нив не биле констатирани рани од огнено оружје.

Четири лица се убиени, а најмалку пет се ранети во напад со нож што вчера вечер го извршил маж во американската сојузна држава Илиноис, јавуваат светските медиуми.

Според Си-ен-ен, жрви во нападот се 15-годишно девојче, 63-годишна жена и двајца мажи на возраст од 49 односно 22 години. Петмината повредени, како што соопштиле од полицијата во градтчето Рокфорд, каде се случил нападот, се пренесени во локалните болници и кај нив се констатирани сериозни повреди.

Во врска со нападот е уапсен 22-годишен маж кој е на распит во полиција, која сè уште работи на утврдување на мотивите, кои засега остануваат нејасни.

Нападите, според истражните органи уследиле откако бил извршен претрес во дом во Рокфорд, но нападите, како што навеле од полицијата се случиле на повеќе локации во гратчето.

Шерифот на округот Винебаго под чија јурисдикција е Рокфорд, Гери Каруана, изјавил дека млада жена се здобила со убодни рани на рецете и лицето додека бегала од осомничениот. Таа е пренесена во болница и е под интензивна нега.

ВИДЕО.