Во Балтимор се урна мост откако во него удри товарен брод (ВИДЕО)

0
189

Мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, Мериленд, се урнал во вторник (26 март) откако во него удрил товарен брод.

Одделот за транспорт во Мериленд соопшти дека сите сообраќајни ленти во областа се затворени во двата правци и сообраќајот се одвива по обиколницата.

Полицијата на градот Балтимор соопшти дека е можно луѓето да завршиле во водата по уривањето на мостот.

Претходно беше соопштено дека дури седум лица и неколку возила паднале во реката.

Мостот е долг повеќе од два и пол километри.

Градоначалникот на Балтимор рече дека персоналот за итни случаи е на терен и дека спасувачките напори се во тек.

ВИДЕО.