Здружение на пензионери Тетово: Со повисоки пензии од 5% не може да се преживее

0
132

Тетовските пензионери едни од многуте во Македонија кои имаат ниски пензии и под 10 000 денари, со оглед на фактот дека голем број од нив работеле во текстилната индуструија, денеска му се пожалија на техничкиот Министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски дека со покачувањето на пензии за 5% за само одредена група на пензионери не може да се преживее.

„Оваа понуда која што ни ја даде Владата не е доволна оти 5% е многу малку. Колкава е инфлацијата и колкави се животните трошоци. Се зголемуваат цените и многу во тешка состојба се пензионерите. Јас реков дека мора да се смени Законот за пензиско и инвалидско осигурување за да се вметне и линеарното зголемување. Имам и колеги мои кои имаат повисоки пензии и ние сите се солидаризиравме со пензиониерите со пониски пензии, но треба покачување на сите пензии“, рече Селвер Мемети претседател на Здружение на пензионери Тетово.

Техничкиот Министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски вели дека над 100 000 пензионери земаат пензија под минималната плата. Пензионерите се едни од најтолерантните, но и тие немаа излез, по после 8 децении решија да излезат на улица..

„За жал од август месец 2023 истите барања се повторно на маса од страна на пензионерите. Потребни се повисоки пензии потребно е линеарно пресметување на пензиите. Јас сум презадоволен од нивната искреност оти проблемите не треба да ги ставаме под тепих. После 1945 пензионерите повторни излегуваат на улица. Тие се луѓе со најголема толеранција и тие се притиснати и излегоа на протести за своите права“, рече техничкиот Министер за труд и социјална политика Велковски.

Тој кажа дека сега како технички министер ги согледува и анализира проблемите, а потоа ќе се пристапи и кон решавање на истите.