Новата градинка во Тетово зјае празна зашто нема персонал

0
305

Новата градинка во Тетово лоцирана непосредно до Основното училиште „Кирил и Методиј“ изградена пред една година зјае празна, без дечиња. Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски кој денеска се сретна со раководството на детската градинка „Младост“ Тетово, вели дека градинката нема персонал оти се чека согласнот за нови вработувања, но сега законот за избори тоа не го дозволува.

Поради немање доволно персонал, но и просторни услови речиси 300 деца од Тетово се на листата на чекање за прием во градинка, а состојбата е слична и на ниво на цела држава.

– Имав прилика заедно со директорката да разговараме за сите предизвици кои ги има градинката. Најголеми проблеми во градинките се просторните услови и персоналот. Групите со 30 дечиња се сведени на еден или двајца вработени. Ние како Министерство ќе направиме добар план, па здравје после 8 мај да започнеме да ги решаваме проблемите. Во градинките на ниво на цела држава имаме над 5.000 дечиња кои чекаат прием, така што ќе треба да работиме да бидат згрижени, но за жал во време на избори Законот не ни се дозволува да вработуваме, вели Велковски.

Од детската градинка „Младост“ Тетово, велат дека за да почне да функционира со вкупно десет групи колку што е предвидено треба да има вработено најмалку 30 луѓе.

Извор СП